Наполи одамна ја обезбеди шампионската титула, но вечерва во Неапол повторно се слави, а Елиф Елмас и соиграчите го кренаа пехарот кој по 33 години се врати во Неапол. Трето „скудето“ во историјата за Наполи, прво по ерата на Диего Марадона. А во овој огромен успех е вклучен и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој стана вториот Македонец после Горан Пандев што освоил шампионска титула во Серија А.
Наполи славеше против Сампдорија со 2:0, а потоа капитенот Ди Лоренцо го крена пехарот. Потоа, дојде редот и на Елиф Елмас.
☝️🏆🇮🇹#NapuleTriculure #NapoliScudetto pic.twitter.com/NychW9CmQY
— Lega Serie A (@SerieA) June 4, 2023