Top Sport

Манчестер Сити стана најскапиот фудбалски клуб во светот

Манчестер Сити стана најскапиот фудбалски клуб во светот, објави британската финансиска консултантска компанија „Brand Finance“.

Вкупната вредност на англискиот шампион е проценета на 1,51 милијарда евра со специјално дизајнирана методологија, што е зголемување за 13% во однос на лани.

Така, Манчестер Сити по четири години го измести на врвот шпанскиот гигант Реал Мадрид, кој загуби 4% од вредноста на 1,46 милијарди евра.

Новиот шампион во Ла Лига, Барселона, останува на третото место со 1,37 милијарди евра, а потоа следат уште два водечки англиски клуба Манчестер Јунајтед и Ливерпул, кои имаат слична вредност од околу 1,36 милијарди евра.

Францускиот првак Пари Сен Жермен забележа пораст од 10% до шестото место со 1,13 милијарди евра, пред германскиот шампион Баерн Минхен, кој загуби процентен поен во вредност на седмото место со 1,1 милијарди евра.

„Десетката“ ја комплетираат три англиски тима, Арсенал (906 милиони евра), Тотенхем (900 милиони евра) и Челси (860 милиони евра).

Scroll to Top