Фудбалскиот клуб Осасуна зад себе има извонредна сезона. Играше финале во Купот на кралот (пораз од Реал 1.2), а со резултатите во првенството избори место во Конференциската лига. Последен пат во европските купови, клубот од Памплона играше пред 16 години.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Осасуна е под истрага за прекршување на дисциплинските и административните прописи.
Во наредните денови Ла Лига ќе ја разгледа комплетната документација на Осасуна заедно со арбитражниот орган.
Доколку се покаже дека имало прекршување на одредени прописи, Осасуна ќе биде дисквалификувана од Европа.
Покрај таа казна, клубот следната сезона во би можел да ја започне со минус бодови.
Во случај Осасуна да биде исфрлена од Конференциската лига, местото ќе го пополни Атлетик Билбао.
Да потсетиме, шампион на Шпанија е Барселона и во Лигата на шампионите одат заедно со Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Реал Сосиедад и Севиља како победник во Лига Европа. Во Лига Европа ќе играат Виљареал и Бетис.