Ракометниот клуб Прилеп успеа да донесе квалитетно засилување за следната сезона. Нов играч на прилепчани е Никола Цветаноски, еден од најдобрите стрелци во Суперлигата.
Станува збор за лев бек кој потпиша двегодишен договор со суперлигашот.
Цветаноски досега во својата кариера има играно и за екипите на Струга, Вардар јуниор и на Голден Арт.
РК Прилеп со ангажманот на Цветаноски се наметнува како еден од важните фактори во домашниот шампионат за следната сезона.