Тениски тренер во Скопје е пријавен дека сексуално вознемирувал малолетни девојчиња. Инцидентот се случил во спортска сала во населба Радишани.
„Две жени вчера во полициската станица во Чаир приjавиле дека тренер по тенис ги допирал по телото нивните малолетни ќерки. Настанот според пријaавата се случил во спортска сала во населбата Радишани. МВР информира дека работи на расчистување на случајот“, стои во соопштението на Министерството за внатрешни работи.