Македонската Дејвис Куп репрезентација израмни на 1:1 во дуелот со Малта од првото коло во Третата Европска зона од Дејвис купот.
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски оствари триумф против Лиам Деликата со 2:0 во сетови и за конечниот исход ќе решава дуелот во игра на двојки.
Калин Ивановски фуриозно го почна мечот, ги доби воведните четири гема, а потоа и го комплетираше сетот со 6:2.
Во вториот исто така го задржа квалитетот и го освои со 6:4 во гемови.
Претходно, Обрад Марковски загуби од Алекс Дегабриеле со 1:2 во сетови.