Шкендија ја забележа втората победа во Првата лига оваа сезона, откако на гостувањето во Чаир кај Шкупи, успеа да стигне до 2:1 триумф со пресврт.
Шкупи се понадева на првата победа оваа сезона откако дојде во водство преку Кристијан Стојкоски во 25. минута, пред на сцена да стапи Бесарт Ибраими и со два гола до крајот на првото полувреме да направи целосен пресврт.
Прво во 37. минута, а потоа и во финишот на полувремето, Ибраими уште еднаш демонстрираше дека е еден од клучните фудбалери на шампионот. Вториот гол му беше 100. во кариерата на Ибраими.
Со победата Шкендија го „скокна“ Вардар на третото место во ПМФЛ по четири кола со 8 поени, еден помалку од Работнички и Академија Пандев. Шкупи е на претпоследното деветто место со 2 поени од четири меча.
Фото: ФК Шкендија