Актуелниот светски првак, селекцијата на Аргентина, ја победи Австралија со 2:0 на пријателскиот натпревар одигран во Пекинг. Тимот предводен од Лео Меси покажа класа и заслужено стигна до триумф.
Меси постигна фантастичен погодок уште на стартот и го отвори резултатот во втората минута. Аргентина го потврди триумфот во 68.минута, кога вториот гол го постигна Герман Пецела.
Aктуелниот светски првак на 19 јуни во Џакарта ќе одигра натпревар против Индонезија.