Фудбалската репрезентација на Украина е утрешниот ривал на нашиот национален тим во квалификациите за ЕВРО 2024. Новиот селектор, поранешниот истакнат голгетер, Сергеј Ребров, вели дека Македонија е многу силен тим.
„Македонија е квалитетна селекција која знаела да победи и репрезентации како Италија. Сѐ уште се свежи сеќавањата на таа сензација. Не би рекол дека ние сме фаворити, едноставно не се чувствуваме така. Во секој случај, очекувам еден тежок и неизвесен натпревар, впрочем секогаш е така во квалификациите кога најважно е да се освојат бодовите. Што се однесува до нас, свесни сме дека утре нѐ очекува еден сосема поинаков од пријателскиот меч против Германците. Но, верувам во моите фудбалери и се надевам дека ќе се претставиме во добро светло и дека ќе оствариме позитивен резултат“, изјави Сергеј Ребров на прес – конференцијата во Скопје.
Мечот меѓу Македонија и Украина ќе се одигра утревечер, со почеток во 20.45 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје.