Top Sport

Србинките со победа ја стартуваа одбраната на европската титула

Кошаркарките на Србија со победа ја стартуваа одбраната на европската титула. Селекцијата на Марина Маљковиќ ја совлада Турција со 71:63 иако играа без Васиќ, Брукс, Ана Дабовиќ и Бутулија.

Најефикасни кај европските првенки беа Ивон Андерсон со 17 поени и пет асистенции, Ногиќ со 12 и Јанковиќ со 10 поени. Кај Турчинките се истакнаа Мековен со 12 поени и Чакир, Онар и Узун со по 10 поени.

Италија на стартот загуби од Чешка со 58:61. Унгарките ја декласираа Словачка со 89:67, а Црна Гора беше подобра од Грција и славеше со 74:69.

Scroll to Top