Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти веќе се договорил со Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ) за да стане нов селектор на репрезентацијата, тврди бразилскиот весик „Реде глобо“, посочувајќи дека наскоро ќе се официјализира договорот.
Шпекулациите околу иднината на италијанскиот тренер траат повеќе месеци, откако претседателот на ЦБФ, Едналдо Родригеш потврди дека Анчелоти е прв кандидат да го наследи Тите на клупата.
Договорот на Анчелоти со Реал завршува на крајот на следната сезона во јуни 2024 година.