Top Sport

Абрамович не дава зелено светло за исплата на 2.3 милијарди фунти за Украина

Поранешниот газда на Челси, Роман Абрамович одбива да предаде 2.3 милијарди фунти од продажбата на англискиот премиерлигаш за помош на Украина и покрај договореното, бидејќи сака дел од тие пари да одат и кај Русите кои се жртви од конфликтот во оваа земја, јавува „Дејли мејл“.

Абрамович беше приморан да го продаде Челси на американскиот конзорциум предводен од Тод Бели минатата година по санкциите кои ги доби од Велика Британија поради „блиска поврзаност“ со рускиот претседател Владимир Путин. Минатата недела британскиот министер за надворешни работи, Џејмс Клеверли потврди дека не може да гарантира дека тие средства ќе бидат одборерни оваа година.

Рускиот милијардер го продаде Челси за 2.5 милијарди фунти, а самиот тој по продажбата изјави дека „сите средства ќе бидат префрлени на добротворни организации за потребите на жртвите на двете страни од конфликтот помеѓу Русија и Украина“. Парите се на британска замрзната сметка во соопственост на „Фордстам“, компанија под контрола на Абрамович.

Scroll to Top