Top Sport

Ристовски: Македонија се надева дека може да направи чудо

Топспорт во Манчестер,

Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер (20.45 часот) на “Олд Трафорд” ќе се обиде да направи чудо и да остане непоразена против Англија, најголемиот фаворит во квалификациската група за ЕВРО 2024.

Капитенот Стефан Ристовски верува дека тимот е способен да направи сензација.

“Ние сме таква селекција, знаеме да одиграме најдобро против големи фаворити. Овде е најголемата сцена, одличен стадион, полни трибини, а за противник една од најдобрите фудбалски репрезентации во светот. Жалиме за поразот од Украина, па целата нервоза нека излезе утре на теренот, да дадеме се од себе”, изјави Стефан Ристовски.

Селекторот Благоја Милевски верува во квалитетите на својот тим.

“Секогаш имам верба во квалитетите на моите фудбалери. Знам дека ќе го дадат максимумот и дека се максимално мотивирани. Англија е најсилната селекција во групата, а “Олд Трафорд” носи голем предизвик”, изјави Милевски на прес-конференцијата.

Scroll to Top