Top Sport

Се пензионираше еден од најдобрите резервни кошаркари во НБА

Трикратниот добитник на НБА наградата за најдобар шести играч, 36. годишниот американски кошаркар Лу Вилијамс преку видео порака на Јутјуб објави крај на кариерата.

Вилијамс во НБА играше 17 години во Филаделфија, Торонто Репторс, Лос Анџелес Лејкерс, Хјустон Рокетс, Лос Анџелес Клиперс и Атланта Хокс. Последниот натпревар го одигра во дресот на Атланта во април 2022 година.

Вилијамс одигра 1.123 натпревари во кои имаше просек од 13,9 поени, 3,4 асистенции и 2,2 скока. Постигна 1.457 тројки. Во стартниот тим беше 122 пати, а во преостанатите настапи влегуваше од клупата и постигна 13.396 поени што е рекорд во НБА.

Вилијамс беше избран за најдобар шести играч во три сезони (2014/2015, 2017/2018 и 2018/2019), што му успеа само на Џамал Крафорд.

Scroll to Top