Top Sport

(Видео) Мбапе постави француски рекорд, му беше потребен повторен пенал против Грција

Франција ја забележа и четвртата последователна победа во квалификациите за Европското првенство во 2024, победувајќи ја Грција со 1:0 во тежок меч.

Единствениот гол за „триколорите“ го постигна Килијан Мбапе во 55. минута, и тоа со обновен удар од белата точка, што беше доволно за три поени. Ова беше 55. гол во сезоната (која официјално завршува на 30 јуни) за Килијан Мбапе, со што постави рекорд за еден француски фудбалер. Тимот на Дидие Дешам не успеа да додаде уште еден гол, и покрај тоа што Грците играа со играч помалку по црвениот картон на Мавропанос во 70. минута.

Драматично и напнато беше на мечот помеѓу Турција и Велс, кои домаќините го добија со 2:0 за важни три поени.  Велс играше со играч помалку од 44. минута, но Хакан Чалханоглу утна пенал во 64. минута, пред Најир во 72. и Арда Гулен во 80. минута да ја осигураат победата.

ЕУРО 2024 КВАЛИФИКАЦИИ
ГРУПА Б
Франција – Грција 1:0
Ирска – Гибралтар 3:0

Standings provided by Sofascore

ГРУПА Д
Турција – Велс 2:0

Standings provided by Sofascore

ГРУПА Х
Северна Ирска – Казахстан 0:1
Словенија – Данска 1:1

Standings provided by Sofascore

ГРУПА И
Белорусија – Косово 2:1
Израел – Андора 2:1
Швајцарија – Романија 2:2

Standings provided by Sofascore

Scroll to Top