Top Sport

Букајо Сака обезбедил покрив над главата за 26 семејства погодени од земјотресот во Турција

Напаѓачот на Арсенал, Букајо Сака, кој вчера постигна хет-трик при 7:0 победата над Македонија, заедно со добротворната организација „Биг шу“ обезбедил сместување за 26 семејства погодени од катастрофалниот земјотрес во Турција.

Над 50.000 луѓе го загубија животот, а повеќе од 2 милиони останаа без домови по земјотресот од 7.8 степени во Турција и Сирија, и Сака обезбедил сместување за 26 семејства во Хатај, Адијаман, Караманмараш и Малатија.

„Ги следев ужасните вести на социјалните мрежи и на ТВ и веднаш знаев дека морам нешто да направам за луѓето погодени од оваа трагедија. Секој кој остана со покрив над главата беше среќен и секој наредедн ден катастрофата одзеде се што имаа. Ми значи многу што можев да помогнам барем некому“, вели Сака.

Scroll to Top