Орла Мелиса Слоун, 22-годишната Инстаграм инфлуенсерка и манекенка, избегна затворска казна откако беше на судење за следење на премиерлигашките фудбалски ѕвезди Мејсон Маунт, Бен Чилвел и Били Гилмор.
Слоун, која има над 80.000 следбници на Инстаграм постојано им се јавувала и ги вознемирувала фудбалерите, за што доби условна казна затвор од 12 недели и казна од 1.100 фунти – 500 на Маунт и по 300 на Чилвел и Гилмор. Покрај тоа, таа доби и забрана да контактира со фудбалерите и мора да изврши 200 часа јавна работа. Слоун, која во текот на судењето призна дека е „зависна“ од социјалните мрежи им се извини јавно н фудбалерите.
Таа била поканета на забава во домот на Чилвел откако го нашла преку Инстаграм, по што имала секс со Маунт, и потоа шест месеци постојано му праќала пораки на фудбалерот на Челси.