Top Sport

Њукасл со голема понуда за Сандро Тонали, Милан може да ја прифати

Њукасл јунајтед се подготвени да платат 50 милиони евра за фудбалерот од средниот ред на Милан, Сандро Тонали, трета понуда за италијанскиот фудбалер, која овојпат може да биде прифатена од Милан, тврди „Атлетик“.

Њукасл минатата недела беа поврзувани со Николо Барела од Интер, нешто што веднаш беше одбиено од „нераѕурите“, но сега се фокусираат на 23-годишниот Тонали, кој стана клучен играч во тимот на Стефано Пиоли, со 7 гола и 13 асистенции во 130 настапи за „росонереите“.

Тонали има уште четири години од договорот со Милан, но неговите претставници веќе отпатувале во Лондон за преговори за можна преселба на „Сент Џејмс парк“. Од Милан веќе заминаа Сержињо Дест, Астер Вранкс и Брахим Дијаз, кои беа на позајмица на „Сан Сиро“, а во пензија замина и Златан Ибрахимовиќ.

Scroll to Top