Top Sport

Манчестер Сити се вклучи во трката за Ким Мин-Јае

Новиот европски првак Манчестер Сити е заинтересиран за дефанзивецот на Наполи, Ким Мин-Jae. „Граѓаните“ се вклучуваат во трката за одличниот одбранбен фудбалер кој е цел и на Баерн Минхен и на Манчестер Јунајтед.

Манчестер Сити е подготвен да ја плати отштетната клаузула која изнесува 45 милиони евра. Сепак, оваа клаузула ќе може да се активира само помеѓу 1. и 15. јули.

Италијанските медиуми тврдат дека Ким Мин-Јае сепак претпочита да оди во Баерн Минхен и покрај интересот од други клубови.

Корејскиот дефанзивец се пресели во Наполи во летото 2022 година, кога италијанскиот клуб му плати на турскиот Фенербахче нешто повеќе од 18 милиони евра.

Минатата сезона Ким Мин-Јае одигра 45 натпревари за „наполитанците“ на кои постигна два гола и забележа две асистенции.

Scroll to Top