Ливерпул се подготвени да платат до 90 милиони евра за ѕвездата на Реал Мадрид, Федерико Валверде ова лето, тврди шпанскиот „Насионал“, иако речиси е сигурно дека „кралевите“ не се подготвени да го дадат еден од своите најталентирани фудбалери.
Приоритетот на Јирген Клоп во преодниот рок е засилувањето во средниот ред, откако веќе го обезбедија потписот на Алексис Мекалистер од Брајтон, а исто така беа поврзувани со француското дуо Кефрен Тирам и Ману Коне, како и со играчот на Баерн Минхен, Рајан Гравнберх. Но, нова, најпосакувана опција е Уругваецот Валверде, кој од 2019 година е постојан во првиот тим на Реал Мадрид.
24-годишниот Валверде исто така е задоволен во Мадрид, откако неодамна изјави дека е подготвен да остави „печат“ во „најдобриот клуб на светот“.