Досегашниот капитен на Вулверхемптон, Португалецот Рубен Невеш е последната фудбалска ѕвезда која кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, откако Ал-Хилал го потврдија трансферот од рекордни 41 милиони фунти за англискиот клуб.
26-годишниот Невеш помина шест години на „Молињу“ и имаше уште една година од договорот со шпекулации дека сака да замине во Барселона. Тој се приклучува на Карим Бензема кој потпиша за Ал-Итихад, додека Н’Голо Канте му се приклучи пред неколку дена.
Невеш напиша проштално писмо до навивачите на Вулфс, кои ги врати во Премиерлигата во 2017/18 и за кои одигра 253 меча.
„Начинот на кој се боревме заедно, за клубот, за сите на трибините никогаш нема да го заборавам. Немам зборови за тимскиот дух кој го имавме, а последната година станав и капитен што ме направи многу горд. Моите деца пораснаа во Вулверхемптон и беа среќни тука“, вели Невеш.
To Riyadh.. Where #AlHilal is..
Rúben Neves is coming 💙#AlHilal pic.twitter.com/eJTQxjqwVd— AlHilal Saudi Club (@Alhilal_EN) June 23, 2023