Top Sport

Челси го одби и третиот обид на Манчестер Јунајтед за Мејсон Маунт

Челси го одби и третиот обид на Манчестер Јунајтед да го ангажира Мејсон Маунт. Клубот од „Стемфорд бриџ“ не е задоволен од понудата на „црвените ѓаволи“ и излезе со контрабарање, 58 милиони фунти плус уште 7 милиони во вид на бонуси.

Челси сака побрзо да ја расчисти ситуацијата затоа што мора да продава фудбалери и да го задоволи финансискиот фер-плеј. Мејсон Маунт исто така е категоричен во желбата да се пресели на „Олд Трафорд“. Тој јасно стави до знаење дека нема да го продолжи договорот со Челси.

Актуелниот договор на англискиот репрезентативец истекува следното лето. Сепак, 24-годишниот офанзивен играч за врска не е единствената опција за Манчестер Јунајтед. Доколку преговорите со Челси не завршат со успех, „црвените ѓаволи“ ќе се насочат кон Мојсес Каиседо од Брајтон.

Scroll to Top