Top Sport

„Граѓаните“ тргнуваат во лов на Ашраф Хакими

Европскиот првак Манчестер Сити сака дополнително да го засили тимот во летниот преоден рок и тргнува по Ашраф Хакими, десниот бек на ПСЖ.

„Граѓаните“ се уште не се на чисто со иднината на Илкај Гундоган, Бернардо Силва и на Кајл Вокер, но шампионот на Англија се мобилизира и сака да доведе неколку засилувања.

Договорено е доаѓањето на Матео Ковачиќ од Челси, а Гвардиола сака да обезбеди нови засилувања и во одбраната, на десната бековска позиција и на стоперската позиција.

На барање на Пеп Гвардиола започна „лов“ на Ашраф Хакими кој има договор со парискиот клуб до 30 јуни 2026 година. Претстојното заминување на Жоао Кансело, кој не успеа да се прилагоди на Баерн за време на неговата позајмица, ќе биде уште една причина Сити да се обиде да го ангажира мароканскиот интернационалец.

 

Scroll to Top