Манчестер сити не сакаат да го загубат Бернардо Силва и ќе му понудат нов подобрен договор за да го убедат да не ја прифати богатата понуда од Саудиска Арабија, тврди „Тајмс“.
Силва подолго време е клучен играч во тимот на Пеп Гвардиола, помагајќи да се стигне до историската тројна титула минатата сезона, но со тоа го привлече вниманието на саудиските клубови, од кои Ал-Хилал веќе му понудиле договор со кој би заработувал над 80 милиони евра по сезона.
Иако Сити не можат да му понудат исти услови како Ал-Хилал, но сакаат да му го обноват договорот кој му завршува за две сезони. За 28-годишниот Португалец, Пеп Гвардиола по крајот на сезоната изјави дека е „незаменлив“ во неговиот тим.