Top Sport

(Видео) Меси со хет-трик против својот прв клуб Њуелс олд бојс

Лионел Меси имаше фантастичен хет-трик за Аргентина при неговото враќање во Росарио против неговиот прв клуб, Њуелс олд бојс, додека целиот стадион му пееше песна за среќен роденден.

Меси се врати во татковината за прошталниот меч на својот соиграч од репрезентацијата, Макси Родригез, заедно со Анхел ди Марија и еден куп на поранешни аргентински ѕвезди. Тој прво доби серенада од навивачите, а потоа постигна хет-трик.

Меси првиот гол на стадионот „Марсело Биелса“ го постигна по само четири минути игра, за до крајот на првото полувреме постигна уште два гола.

Scroll to Top