На Пауло Дибала не му требаше многу време за да стане миленик кај навивачите на Рома, но легендата на „волчицата“, Франческо Тоти вели дека треба да покаже дека ја заслужува неговата легендарна „десетка“.
Тоти, кој своите 24 години како професионалец ги помина на „Олимпико“, смета дека Аргентинецот треба да помине барем една деценија за да ја покаже својата лојалност кон клубот и навивачите.
„Дали ја заслужува ‘десетката’ на Рома? Да, ја заслужува, но само ако остане уште 10-20 години во клубот“, вели Тоти за „Гол“.
Дибала, кој пристигна во Рома од Јувентус како слободен играч, имаше 18 гола и 8 асистенции во 38 меча за клубот. Тој останува со бројот 21 на грбот.