Top Sport

Лапорт ги покани само Халанд и Родри на својата свадба

Ајмерик Лапорт покани само двајца од своите соиграчи од Манчестер сити, Ерлинг Халанд и Родри на својата свадба во Барселона, каде што влезе во брак со Сара Ботело, со која се сретна додека беше фудбалер на Атлетик Билбао пред преселбата во Англија.

Со ова продолжува славеничната турнеја на Лапорт, кој веќе ја освои тројната титула со Манчестер сити, по што триумфираше и со Шпанија во Лигата на нации по победата на пенали над Хрватска.

Иднината на Лапорт останува неизвесна, по малата минутажа која ја има под Пеп Гвардиола, со шпекулации дека ќе замине во Барселона, кои тешко да се остварат поради финансиската состојба на каталонскиот клуб.

Scroll to Top