Осумкратниот светски шампион, Себастиен Ожие е победник на 70. издание на Сафари релито во Кенија, откако во интересна завршница го сопре актуелниот шампион, Финецот Кале Рованпера.
Французинот Ожие имаше предност од 13.6 секунди пред лидерот во генерален пласман пред последните три неделни етапи, и оваа разлика се намали на 10 секунди пред последната етапа на езерото Најваша од 10.53 километри. Ожие, кој стартуваше последен, заврши со четврто најдобро време, губејќи само 2.5 секунди од финскиот ривал за на крајот да победи со 6.7 секунди разлика.
Велшанецот Елфин Елфин беше трет, пред Јапонецот Такамото Кацута, што значи дека Тојота Газу рејсинг тимот оствари 1-2-3-4 пласман.
Рованпера со второто место ја зголеми предноста во генерален пласман со 37 поени пред Белгиецот Тјери Нојвил по седум од 13-те трки оваа сезона.