Двократната шампионка од Вимблдон (2011 и 2014), Чехинката Петра Квитова покажа дека ќе биде меѓу фаворитките и оваа година, откако со 6:2/7:6(6) ја совлада Хрватката Дона Векиќ во финалето на Берлин опен.
Ова е шеста титула на тревната подлога за чешката ветеранка, која сега има дури 31. титула на ВТА турнејата.
До своја втора титула на трева во кариерата стигна и Летонката Јелена Остапенко, по 7:6(8)/6:4 ја победи Чехинката Барбора Крејчикова во финалето на Ротесај класик во Бирмингем.
Остапенко го освои првиот сет во четвртиот обид во тај-брејкот, а потоа дојде до 5:1 водство во вториот сет, пред Крејчикова да освои три гема во низа.