Top Sport

Челси тргнува по Диого Коста од Порто

Англискиот премиерлигаш Челси сака да доведе нов квалитетен голман, откако стана јасно дека Едуард Менди заминува од „Стемфорд бриџ“ прифаќајќи го предизвикот од Саудиска Арабија. Новиот менаџер Маурисио Покетино би сакал да го има Андре Онана од Интер, но преговорите не одат лесно, а во трката се вклучи и Манчестер Јунајтед.

Затоа Челси има нов цел, тоа е голманот на Порто, Диого Коста.

Лондонскиот клуб е подготвен да ја плати откупната клаузула на Диого Коста во висина од 75 милиони евра, пишува „А’ Бола“.

Покетино смета дека Кепа Аризабалага треба да добие посилна конкуренција за голманската позиција, а чуварот на мрежата на Порто би бил одлична аквизиција.

 

Scroll to Top