Top Sport

Кире Лазаров влегува во „Куќата на славните“ на ЕХФ

Европската ракометна федерација по повод 30-годишниот јубилеј денеска во Виена ќе ја промовира „Куќата на славните“ во која ќе се најдат најголемите имиња од ракометот во изминатиот период. Меѓу нив се очекува да биде и Кире Лазаров, македонската ракометна икона, кој остави неизбришлив белег во европскиот ракомет во изминатите две децении.

Кирил Лазаров е еден од најдобрите стрелци во историјата на ракометот, рекордер по бројот на постигнати голови, освојувач на Лигата на шампионите, еден од најдобрите десни бекови во ракометната игра.

ЕХФ за првпат ќе промовира и Олстар тим на сезоната и МВП играч за сезоната 2022/23.

Церемонијата на ЕХФ е закажана за 17.30 часот во Виена.

 

Scroll to Top