Тотенхем се подготвени да разговараат со Лестер за трансферот на Џејмс Медисон, но „лисиците“ остануваат на цената од 60 милиони фунти за фудбалерот од средниот ред, тврди „Телеграф“.
Медисон би требал да биде првото засилување за новиот менаџер Ангее Постекоглу, кому исто така му останува и задачата да го „скрати“ својот тим со повеќе фудбалери на листата за продажба.
Њукасл исто така беа заинтересирани за Медисон, но се чини дека ги решија проблемите во средината на теренот со потписот на Сандро Тонали од Милан, така што Тотенхем се подготвени да дадат само 40 милиони фунти плус бонуси. Лестер, пак, по испаѓањето од Премиерлигата мораат да ги скратат своите трошоци, бидејќи приходите за сезоната 2023/24 ќе бидат драстично помали.