Српскиот фудбалски првак Црвена Звезда одлучи акцијата за голем летен караван да го пресели и во Македонија. По освојувањето на двојната круна во Србија, „црвено-белите“ решија да направат голем навивачки караван и да ги однесат пехарите во секое малку поголемо место кај нашиот северен сосед.
Двата пехари од минатата сезона, заедно со легендарниот трофеј од Бари, кој Црвена Звезда го освои во 1991 година, во сабота ќе пристигнат и во Куманово.
Сите љубители на фудбалот низ тричасовна дружба на плоштадот „Нова Југославија“ ќе имаат можност да се фотографираат со пехарите и да се дружат со дел од легендите на Црвена Звезда.