Македонскиот кошаркарски репрезентативец Tи-Џеј Шортс заминува од германскиот клуб Телеком Бон и ќе направи трансфер во францускиот прволигаш Париз. Тој оди во пакет со тренерот Томас Исало, доскорешниот тренер на Бон, кој го презеде кормилото на Париз.
„За жал, уште пред повеќе од еден месец стана јасно дека ќе ја платиме цената за освојувањето на пехарот во Лигата на Шампионите. Тој успех ја крена цената на нашиот тренер и клучните кошаркари, кои добија одлични понуди и решија да си заминат. Им посакуваме многу среќа“, изјави потпретседателот на Телеком Бон, Волфганг Вилдлих.
Ти-Џеј Шортс беше избран за МВП играќ во Лигата на шампионите на ФИБА, а за него се интересираа и неколку клубови од Евролигата.