Разделбата на колумбиската поп-дива Шакира и поранешниот фудбалер на Барселона, Жерард Пике ги окупираше страниците на шпанските весници во последните неколку месеци, а сега Шакира, покрај сигналите кои ги даваше преку своите нови песни, во интервју за шпанското издание на „Пипл“ откри како дознала за неверството кое го растури партнерството.
„Се собраа сите работи, мојот дом се распаѓаше. Од печатот дознав дека бев предадена во моментите кога мојот татко беше на интензивна нега во болница. Мислев дека нема да го преживеам тоа. Човекот кој го сакав најмногу во мојот живот, мојот татко, си заминуваше кога ми беше најпотребно. Во исто време, не можев да се освртнам на мојот најдобар пријател, кој ме предаде“, вели Шакира.
За среќа, нејзиниот татко, иако има 91 година, целосно се опоравил.
Пике останува во врска со Клара Кија, со која живее во Барселона. Таа беше вработена во неговата компанија „Космос“. Шакира, пак, се пресели со синовите Милан и Саша во Мајами.