Top Sport

Италијанците ги забранија дресовите со број 88

Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) и италијанската влада направија чекор напред во борба против антисемитизмот, забранувајќи ги дресовите со бројот 88.

Претседателот на ФИГЦ, Габриеле Гравина, заедно со министерот за внатрешни работи, Матео Пјантедози и министерот за спорт, Андреа Абоди ја потврдија одлуката да се забрани бројот 88, кој се користи од страна на нео-нацистичките групи за да се каже „Хајл Хитлер“, бидејќи буквата Х е осма во латинската азбука.

Минатата сезона, еден навивач на Лацио доби забрана за влез на мечевите на клубот, откако носеше дрес со бројот 88 и со име „Хитлерсон“.

Scroll to Top