Top Sport

Сити се пофалија со потписот на Матео Ковачиќ

Манчестер сити го потврдија трансферот на Матео Ковачиќ од Челси, плаќајќи 25 милиони фунти за хрватскиот освојувач на четири титули од Лигата на шампиони. 29-годишниот Ковачиќ потпишува договор до 2027 година.

Потврдата на трансферот доаѓа по интересот на тимот на Пеп Гвардиола за Деклан Рајс од Вест хем, кој би му бил партнер на Ковачиќ во средината на теренот. Челси, пак, продолжува со распродажбата, откако претходно ги продаде Калиду Кулибали, Н’Голо Канте и Тиемуе Бакајоко, а преговараат и за продажба на Мејсон Маунт и Каи Хаверц.

„Ова е фантастичен трансфер за мене, едвај чекам да почнам да работам со Сити. Сите кои го гледале овој тим под Пеп, знаат колку се добри, според мене, најдобрите на светот. Трофеите го покажуваат тоа, но и чисто од фудбалска страна“, вели Ковачиќ.

Scroll to Top