Манчестер јунајтед ќе се вратат на преговарачка маса со Челси во уште еден обид да го добијат Мејсон Маунт и да ја намалат проценката од 65 милиони фунти за англискиот репрезентативец, тврди „Телеграф“.
Ова доаѓа откако трите понуди на Јунајтед беа одбиени од „сините“, од кои последната беше за 50 милиони фунти плус 5 милиони фунти бонуси. 24-годишниот Маунт наводно го очекува договорот, но Челси останува на својата процнка.
Маунт има уште една година од договорот со Челси и треба да се врати на тренинзи следната недела под новиот менаџер Маурисио Почетино, и двата клуба сакаат трансферот да се заврши пред овој датум.