Top Sport

(Видео) Нерамноправни противници – Шпанија-Либан 102:20!

Светското првенство за кошаркари до 19 години во Унгарија ни донесе еден од најбизарните резултати во историјата на кошарката, откако Шпанија ја победи соодветната репрезентација на Либан со неверојатни 102:20.

Либанската репрезентација постигна само еден кош (2 поени) во првата четвртина, и вкупно 20 поени, за бизарен пораз со 80 поени разлика. Мечот од осминафиналето на шампионатот донесе рекорд за најмалку поени на едно СП до 19 години, соборувајќи го „рекордот“ на Брегот на Слоновата Коска, кои во 2013 загубија од САД со 88:29.

Серхио де Лареа беше најефикасен за Шпанците со 32 поени, додека либанскиот кошаркар Ртаил даде осум од 20-те поени.

Scroll to Top