Top Sport

Дисциплинската комисија бара 5 меча суспензија за Валверде за нападот над Баена

Натпреварувачката комисија на шпанската Ла лига, препорача казна од пет меча за ѕвездата на Реал Мадрид, Феде Валверде за физичкиот напад над противникот од Вилјареал, Алекс Баена во април, објавува „Диарио АС“.

Валверде го чекаше Баена на паркингот на „Сантијаго Бернабеу“ по 2:3 поразот на 11 април, удирајќи го во лицето, наводно поради коментарите кои Баена ги имал за неговото семејство, односно за бремената сопруга во јануари. Баена демантираше дека направи нешто такво.

Доколку ја добие суспензијата, Валверде би ги пропуштил првите пет меча од следната сезона против Атлетик Билбао, Алмерија, Селта Виго, Хетафе и Реал Сосиедад.

Валверде го нападнал Баена на паркинг по коментарот за нероденото дете

 

Scroll to Top