Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди доби понуда да се пресели во Саудиска Арабија како позајмен играч од Трабзонспор. Како што откриваат турските медиуми, понудата е за едогодишна позајмица, а Трабзонспор би требало да добие 300.000 евра.
Сепак, тоа не е прифатлива сума за турскиот клуб. Трабзонспор многу повеќе би сакал комплетно да го продаде Енис Барди, а му одреди цена од 4,5 милиони евра.
Енис Барди има договор со Трабзонспор до 30 јуни 2025 година.