Најпрестижното европско клупско кошаркарско натпреварување, Евролигата, ги потврди промените во натпреварувањата, воведувајќи таканаречен „плеј-ин“ по примерот на НБА лигата.
Досега, првопласираните осум екипи во регуларната сезона влегуваа во четврт-финалето, а потоа победниците во овие мечеви, одеа на Фајнал фор турнирот.
Сега, седмопласираниот и осмопласираниот ќе играат еден натпревар и победникот директно влегува во плејофот. Поразениот пак, три дена подоцна ќе игра со победникот од мечот на деветтопласираниот и десеттопласираниот во регуларниот дел од сезоната.
Евролигата исто така потврди дека сезоната 2023/24 ќе играт истите 18 екипи како и минатата сезона: Алба Берлин, Олимпија Милано, Асвел Лион, Баерн Минхен, Барселона, Басконија, Црвена звезда, Фенербахче, Макаби Тел Авив, Монако, Олимпијакос, Панатинаикос, Партизан, Реал Мадрид, Валенсија, Виртус Болоња и Жалгирис.
🚨𝗣𝗹𝗮𝘆-𝗜𝗻 𝗖𝗼𝗻𝗳𝗶𝗿𝗺𝗲𝗱🚨
Here is everything you need to know about the new Play-In format for the 2023-24 Season ⤵️ pic.twitter.com/U1vJq1FjJC
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) June 29, 2023