Ѕвездата на Наполи, Нигериецот Виктор Осимен фудбалската пауза ја искористи за посета на татковината, каде што имаше интересна средба со учителката која помогна тој да стане професионален фудбалер.
При враќањето во Лагос, 24-годишниот Осимен се сретна со учителата Аугустина Атанда, која го убедила таткото на Осимен да дозволи да се пресели во Германија за да стане фудбалер. По настапите на Светското првенство за играчи до 17 години, тој во 2017 година се пресели во Волфсбург, Германија.
Osimhen torna a Lagos 🇳🇬 e va a trovare la sua maestra 🫂
Lei è Augustina Atanda: convinse il papà di Victor che il figlio doveva fare il calciatore, il resto è storia 🫶#Osimhen #SerieATIM #DAZN pic.twitter.com/HHp0NtJ8t3— DAZN Italia (@DAZN_IT) June 29, 2023