Top Sport

ФИФА се откажа од капитенски ленти во боите на виножитото за женското СП

Кампањата за ЛГБТ-права, „Една љубов“ (One Love), која беше забранета на Светското првенство во Катар, ќе биде дозволено во променета форма на женското СП следниот месец, но ФИФА целосно се откажа од боите на виножитото.

ФИФА ги презентираше осумте различни капитенски ленти кои ќе можат да ги носат капитените на 32-те репрезентација на СП во Австралија и Нов Зеланд од 20 јули до 20 август. Капитенскит ленти со „One Love“ кампањата е сменета со порака „Обединети за инклузија“ со срце со различни бои, но не боите на виножитото кои ги побара од германската репрезентација. ФИФА објави дека комбинациите на боите се инспирирани од пан-африканското знаме и пансексуалното знаме.

Осумте опции кои ги дава ФИФА на капитенките се:
– Обединети за инклузија – во партнерство со организацијата на ОН за човекови права,
– Обединети за домородни народи – во партнерство со организацијата на ОН за човекови права,
– Обединети за родова еднаквост – во партнерство со организацијата на ОН за жени,
– Обединети за мир – во партнерство со УНХЦР, агенцијата за бегалци,
– Обединети за образование за сите – во партнерство со УНЕСКО,
– Обединети за нула глад – во партнерство со програмата за храна на ОН,
– Обединети за крај на насилство над жените – во партнерство со организацијата на ОН за жени,
– Фудбалот е радост, мир, љубов, надеж и страст – во партнерство со Светската здравствена организација.

Scroll to Top