Top Sport

(Видео) Ферстапен избегна казна и остана на пол-позицијата во Шпилберг

Светскиот шампион и лидерот во генерален пласман, Макс Ферстапен го задржа првото место на стартот на Австриското ГП во недела, откако стјуардите решија да не го казнат за блокирањето на Кевин Магнусен во Хас за време на денешните квалификации.

По извештајот на директорот на трката, Данецот Магнусен и Хас тврдеа дека тој загубил време на брз круг во втората квалификациска сесија, откако Ферстапен го блокирал на првата кривина на патеката кога го завршил својот брз круг.

По разгледувањето на снимките, стјуардите оценија дека Магнусен не морал да направи маневар за да го избегне Ферстапен, а исто така посочија дека овој инцидент немал врска на резултатите, бидејќи времето на Магнусен и така било „избришано“ поради преминувањето на границите на патеката.

Scroll to Top