Англиската фудбалска легенда Стивен Џерард по долги преговори сепак ќе седне на клупата на саудискиот клуб Ал-Етифак. Тој ќе биде новиот тренер на македонскиот репрезентативец Дарко Велковски.
Иако првично не успеа да се договори со раководството на Ал-Етифак, сепак челниците на клубот продолжија да го убедуваат и на крајот Стивен Џерард постигна договор, пренесува „Аријадија“.
Официјалната потврда од клубот се очекува во наредните денови.
Минатата сезона Ал-Етифак го зазеде седмото место во првенството на Саудиска Арабија. Најпознатото име во тимот е шведскиот репрезентативец Робин Кваизон.