Top Sport

Интер му постави ултиматум на Ал-Наср за Марсело Брозовиќ

Неизвесноста околу иднината на Марсело Брозовиќ продолжува. Хрватскиот интернационалец е пред трансфер од Интер во Ал-Наср, но зделката сѐуште не е финализирана, бидејќи играчот од средниот ред побара поголема плата, а потоа саудискиот клуб ја спуштил првичната понуда до „нероаѕурите“.

Каква е ситуацијата во моментов? Брозовиќ се согласи да потпише тригодишен договор со тимот на Кристијано Роналдо. За овој период Хрватот ќе добие вкупно 100 милиони евра во кои се вклучени платите и бонусот за потпис, кои ќе ги добие кога ќе се склучи договорот.

Ал-Наср повторно преговара со Интер и излезе со подобрена понуда, но таа не ја достигнува сумата од 23 милиони евра за која двата клуба се договорија на почетокот.

Првично, Саудијците понудија 13 милиони, плус бонуси, а според „Скај Спорт Италија“ нивната моментална понуда е 18 милиони евра.

Во меѓувреме, спортскиот директор на Интер, Џузепе Марота, предупреди дека доколку трансферот не биде комплетиран многу брзо, клубот може да се откаже од намерата да го продаде Брозовиќ.

„Сѐ уште ништо не е јасно. Како што секогаш велам, играчот ќе биде тој што ќе ја одреди својата судбина. Не сме под никаков притисок да го продадеме, но ги одмеруваме различните опции. Мислам дека големиот проблем е меѓу фудбалерот и неговиот можен нов клуб. Има работи за кои треба да се разговара, но доколку не се најде брзо решение, можеби ќе го тргнеме Брозовиќ од пазарот“, изјави Марота.

Барселона, исто така, внимателно ја следи ситуацијата околу играчот од средниот ред со надеж дека ќе достави понуда до Интер за хрватскиот интернационалец.

Scroll to Top