Top Sport

Лилард сака да се бори за титула во НБА, побарал Портланд да го размени

Eдна од најголемите ѕвезди на Портланд, Демиен Лилард, денеска официјално побара да биде разменет ова лето. Тој сака да игра во клуб што би можел да се бори за титулата во НБА лигата.

Најзаинтересиран за неговите услуги е актуелниот НБА вицешампион Мајами Хит, а го посакуваат и ЛА Клиперс, Филаделфија и Бруклин.

Доколку Портланд „трејдува“ со Мајами, еден од играчите кои ќе се преселат во Портланд е Тајлер Хироу. Мајами би бил значително посилен со Лилард, а и без него во неодамна завршената сезона стигна до големото финале, каде беше поразен од Денвер во финалната серија со 4:1.

Во претходната сезона, Лилард имаше просек од 32,2 поени по натпревар, заедно со 7,3 асистенции и 4,8 скока.

 

Scroll to Top