Top Sport

Кингс му дадоа огромен договор на Домантас Сабонис

Центарот на Сакраменто кингс, Домантас Сабонис се договори за огромно продолжување на договорот со клубот за неверојатни 217 милиони долари за пет сезони, потврдија неговите агенти за „ЕСПН“.

Кингс ќе му ја зголемат платата за 2023/24 на 30.6 милиони долари и ќе додадат четири години на неговиот договор, но 27-годишниот Сабонис нема да ги „повлече“ сите пари кои се достапни, бидејќи сака да помогне во градењето на ростерот на тимот. Кингс исто така го вратија Херисон Барнс на тригодишен договор и се договоријаа со бугарската ѕвезда од Евролигата, Саша Везенков за тригодишен договор, вреден 20 милиони долари.

Сабонис пристигна во Сакраменто од Индијана во трејд за Тајрис Халибартон во 2022 година, и помогна тие да се вратат во плејофот по 16-годишна пауза со 19.1 поени, 12.3 скока и 7.3 асистенции по натпревар. Само Никола Јокиќ од Денвер нагетс имаше повеќе трипл-дабл мечеви минатата сезона.

Scroll to Top