Top Sport

(Видео) Старата снимка на која Де Брујне ја признава љубовта кон Ливерпул стана вирална

Откако неколку коментатори го споредија најновото засилување на Ливерпул, Унгарецот Доминик Собослаи со Кевин де Брујне, на социјалните мрежи повторно стана вирална снимката на која Белгиецот ја признава љубовта кон „црвените“.

Видеото го покажува 32-годишниот Де Брујне, тогаш во академијата на Генк, зборувајќи за својот омилен играч Мајкл Овен и за Ливерпул, иако судбината сакаше тој да стане легенда на Сити по неговото пристигнување во 2015, освојувајќи пет титули од Премиерлигата и една од Лигата на шампини.

„Мојот омилен клуб е Ливерпул, а мојот омилен играч Мајкл Овен. Би сакал да играм таму еден ден“, вели 11-годишниот Де Брујне во снимката.

Многу години подоцна, во 2019 година, тој призна дека навивал за лутите ривали.

„Да, бев навивач на Ливерпул. Моето семејство кое живееше во Англија исто така беше страсно за Ливерпул. Го сакав Мајкл Овен бидејќи бев мал како него, а тој беше многу брз и се споредував со него. Тогаш ги сакав и Зинедин Зидан и Роналдињо, такви вешти фудбалери“, вели Де Брујне, кој има постигнато голови во четири од последните шест премиерлигашки дуели со Ливерпул.

Scroll to Top